Подгорица, 19. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Шестмина полицајци и двајца цивили се повредени синоќа за време на демонстрациите во главниот град на Црна Гора.
Полицијата употреби и солзавец и сила против протестантите.
Според извештаите на полицијата повредени се петмина службеници на органите на прогонот, еден офицер добил тешка телесна повреда, а еден од учесниците во протестот бил удрен со камен во главата, кој бил наменет за полицијата.
Полесни повреди добила и уредничката во локалниот телевизиски канал Pink M, откако зградата била нападната со камења. (Крај)
извор: РИА “Новости” фото: архива
