Словењградец, 30. август 2016 (ИНПРЕС) – Големо невреме проследено со град ги зафати вчера попладне северните и североисточните делови на Словенија, а во текот на ноќта, невремето се прошири и низ поголемиот дел од земјата.
Словенечката Државна управа за заштита и спасување јави за поплави, одрони на земјиште и оштетени локални патишта на подрачјето на Словењградец и Шентиљ, додека во Марибор покрај поројниот дожд паѓал и град.
Бурата во вечерните часови се приближила и кон западните и северозападните делови од внатрешноста на Хрватска. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива