Граѓаните и правните лица со предлози може да учествуваат во креирање на новиот општински буџет
November 11, 2024

Охрид, 11. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Општина Охрид со повик до граѓаните и правните лица со свои предлози да учествуваат во креирање на општинскиот буџет за следната календарска година.

– Локалната власт упатува повик до сите месни заедници, физички и правни лица да ги достават своите предлози и идеи со цел да учестуваат во креирање на буџетот за наредната календарска година, соопштија од локалната самоуправа.

Предлозите ќе може да се доставуваат денес во малата сала во општинската зграда во период од 11:00 до 14:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес