Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Грција влегува во предизборен период

Грција влегува во предизборен период


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 27.август 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска треба да го почне процесот за одржување втори предвремени избори во Грција годинава.

Лидерот на Популарно единство Панајотис Лафазанис околу пладне ќе го врати прелиминарниот мандат што го доби од претседателот. Потоа ќе следат низа настани кои ќе резултираат со создавање привремена влада и одредување датум за изборите.

Некои медиуми коментираат дека Павлопулос веројатно нема да се обиде да свика состанок на лидерите на партиите за да се испита дали е можно да се формира влада од сегашниот Парламент.

Премиерот Алексис Ципрас и неговиот коалициски партнер, министерот за одбрана Панос Каменос, јасно ставија до знаење дека не се заинтересирани за учество во такви разговори.

– Треба брзо да се движиме кон избори на 20 септември, за да може владата да продолжи со својата работа, и да се движиме кон иднина со стабилност, рече Каменос.

Очигледната неподготвеност на Павлопулос да свика лидерска средба ги обесхрабри опозициските партии, особено Нова демократија, коментира „Катимерини“. Сепак, поранешниот министер за финансии, Евангелос Венизелос, кој е уставен експерт, посочи дека претседателот ќе дејствува во рамките на правилата и ќе го повикува секој лидер поединечно, наместо на заеднички состанок.(Крај)

извор:24Вести фото:архива

Post navigation

Previous САД го поздравија постигнувањето договор во Брисел меѓу Србија и Косово
Next Могерини- Гледам пресвртница меѓу Србија и Косово

Слични вести

Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото) Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)
1 min read

Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.