Атина, 2. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас им го претстави на своите меѓународни кредитори / ММФ, ЕЦБ и ЕУ / планот за реформи, кој предвидува отстапки од страна на Атина, за да издејствува одблокирање на краткорочното финансирање на нејзината економија.
Планот дојде по шпекулациите дека Атина е на пат да добие ултиматум од доверителите по четири месеци преговори за реформи во земјата, кои не постигнале никаков успех. Грција се обидува да ги убеди своите кредитори да и доделат 7,2 милијарди евра итна помош за да се спаси од банкрот.
Во исто време беше соопштено дека доверителите подготвуваат последен предлог за Грција. (Крај)
извор: АФП фото: архива
