Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 29. јули 2015 (ИНПРЕС) – Договор меѓу Грција и нејзините кредитори може да биде постигнат до 18 август, под услов да постои „добра волја“, рече портпаролот на грчката Влада, Олга Геровасили.
Како што јави МИА од Атина, таа ја отфрли можноста и потребата за дополнителни реформи, истакнувајќи дека сите пишани договори се однесувале само на „два пакети“, кои веќе се донесени од страна на грчкиот Парламент.
– Ниту еден друг предлог официјално не е на дневен ред или на маса во овој момент, рече таа.
Геровасили истакна дека целта е да се потпише договор до 18 август, а првата ревизија да биде спроведена по околу три месеци. Уште една од целите на Владата е што побрзо да почне расправата за долгот. (Крај)
извор: МИА фото: архива
