Скопје, 29. јули 2015 (ИНПРЕС) – Асоцијација на агенции за локална демократија во рамките на Балканската платформа за младинско учество и дијалог спроведува регионално истражување за младинско учество на локално ниво во 5 земји: Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.
Во рамките на истражувањето се спроведува анкета наменета за млади лица (18-30 години) од овие 5 земји.
Анкетата може да се пополни на еден од четирите јазици: албански, босански, македонски и српски. Просечното време за одговарање на анкетата е 20 минути.
Краен рок за пополнување на анкетата е 6 август, 2015 година.
Податоците од ова истражување ќе помогнат за анализирање на состојабата на младинско учество на локално ниво на Балканот. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
