Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Грција ја повика Турција да го почитува меѓународното и европското право

Грција ја повика Турција да го почитува меѓународното и европското право

Атина, 15. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Турција е должна во целост да го почитува меѓународното и европското право, во тие рамки и морското право и Лозанскиот договор, кој не може ниту да се ревидира, ниту да се актуелизира и кој „без никакви траги од сиви зони“ ги одредува границите, територијата и суверенитетот не само на Грција, туку и на Европската унија.

Тоа го изјави грчкиот престедател Прокопис Павлопулос за време на промоција на книга за Елефтериос Венизелос во воениот музеј во Атина.

Поводот за изјавата е инцидентот во Егејското море, каде турски патролен брод удри во брод на грчката пристанишна полиција во реонот на островот Имија/Кардак, за коишто Грција и Турција спорат со години.

Павлопулос увери дека Грција се стреми кон односи на пријателство и добрососедство со Турција.

– Ние, Грците, врз основа на нашето историско наследство, ги почитуваме пријателите, но не се плашиме од непријателите, рече грчкиот претседател.

Атина и Анкара вчера објавија различни ставови во врска со инцидентот. Министерството за надворешни работи на Турција тврди дека инцидентот го предизвикал грчкиот брод, додека Атина обвинува дека турскиот брод удрил во грчкиот.

За инцидентот телефонски разговарале и премиерите на двете земји. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

Post navigation

Previous ТАВ ќе инвестира 45 милиони евра во проекти во Македонија
Next Градоначалникот Стојаноски во работна посета на Софија

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.