Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Грчката Влада нема намера да распише предвремени избори

Грчката Влада нема намера да распише предвремени избори


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 21.јули 2015 (ИНПРЕС) – Владата на Грција нема намера да распише предвремени избори, се додека не ги заврши преговорите со своите партнери од еврозоната за новиот пакет помош, изјави портпаролката на Ципрас, Олга Геровасили.

– Избори во моментов не би биле корисни и Владата нема намера сега да ги организира, рече таа и додаде дека „целта е да се финализира договорот со Европа, земјата да се врати во нормала и да се постигне стабилност“.

Ципрас минатата недела претрпе голем удар во Парламентот при гласањето за новите мерки за штедење, кои ги бараат кредиторите во замена за новата помош од 86 милијарди евра, кога против договорот со доверителите гласаа околу петтина од пратениците на владејачката Сириза, меѓу кои и тројца министри.

Грчкиот премиер тогаш мораше да се потпре на гласовите на опозицијата за да ги протурка непопуларните реформи, додека во среда е на уште еден тест кога во Парламентот ќе се гласа за вториот пакет мерки за штедење, поврзани со банкарството и судскиот систем.(Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Словенија и Хрватска ќе ја продолжат работата на „Кршко“ до 2043 година
Next Тропски горештини на Балканот

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.