January 11, 2024

Охрид, 11. јануари 2024 (ИНПРЕС) – ГФК Охрид Лихнидос ги стартуваше подготовките за пролетната полусезона.

Од клубот информираат дека во текот на зимскиот подготвителен период ќе бидат одиграни четири пријателски натпревари, а термините ќе бидат дополнително соопштени. Во преодниот рок клубот го напушти Хусеин Демири.

„Рибарите“ есенскиот дел во Втората фудбалска лига го завршија на шестата позиција со 23 бодови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива