May 10, 2015

Белград, 10. мај 2015 (ИНПРЕС) – Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, обидот за дестабилизација на Република Македонија го окарактеризира како „обид за дестабилизација на целиот регион“, јави Танјуг.

– Србија е подготвена остро да реагира на секој обид за дестабилизација на земјата и евентуални национални судири, терористички акти и никој не треба да се обидува да си поигрува со државата Србија, изјавил Дачиќ.

Тој додава дека подготвеноста за регионална соработка за конструктивно решавање на проблемите и најостро ги осуди инцидентите во Македонија.

– За Србија од самиот почеток и индициите за вакви инциденти беше особено важно, поради мирот и стабилноста на целиот регион да се задржи стабилна политичката и безбедносната состојба во Македонија, нагласува Дачиќ, кој порачува дека е неопходна поддршката на целата меѓународна заедница.

– Следната недела во Македонија ќе пристигнат специјалниот претставник на ОБСЕ за западен Балкан, амбасадорот Жерар Штудман и шефот на работната група за ОБСЕ при Министерството за надворешни работи на Србија Дејан Шапоњиќ.

– Србија ќе вложи максимални напори да се придонесе за стабилизација на ситуацијата во Македонија, заклучува Дачиќ. (Крај)

извор: Б92 фото: архива