Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Дачиќ: Се прави обид за дестабилизација на целиот регион

Дачиќ: Се прави обид за дестабилизација на целиот регион

Белград, 10. мај 2015 (ИНПРЕС) – Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, обидот за дестабилизација на Република Македонија го окарактеризира како „обид за дестабилизација на целиот регион“, јави Танјуг.

– Србија е подготвена остро да реагира на секој обид за дестабилизација на земјата и евентуални национални судири, терористички акти и никој не треба да се обидува да си поигрува со државата Србија, изјавил Дачиќ.

Тој додава дека подготвеноста за регионална соработка за конструктивно решавање на проблемите и најостро ги осуди инцидентите во Македонија.

– За Србија од самиот почеток и индициите за вакви инциденти беше особено важно, поради мирот и стабилноста на целиот регион да се задржи стабилна политичката и безбедносната состојба во Македонија, нагласува Дачиќ, кој порачува дека е неопходна поддршката на целата меѓународна заедница.

– Следната недела во Македонија ќе пристигнат специјалниот претставник на ОБСЕ за западен Балкан, амбасадорот Жерар Штудман и шефот на работната група за ОБСЕ при Министерството за надворешни работи на Србија Дејан Шапоњиќ.

– Србија ќе вложи максимални напори да се придонесе за стабилизација на ситуацијата во Македонија, заклучува Дачиќ. (Крај)

извор: Б92 фото: архива

Post navigation

Previous Грција нема да се откаже од изградбата на “Турски поток”
Next Јанјиќ: Терористите нема да застанат во Куманово

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.