December 26, 2014

Белград, 26. декември 2014 (ИНПРЕС) – Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека до крајот на јануари идната година, ќе се случи реконструкција на српската Влада.

– Ќе има реконструкција, зато што тоа го сака премиерот Александар Вучиќ, изјави Дачиќ за Тв Пинк.

Тој нагласи дека нема да бидат сменети министрите за кои се шпекулира во српската јавност, односно актуелниот министер за финансии Душан Вујовиć, министерот за земјоделство Жељко Сертиќ и министерот за образование Срѓан Вербиќ.

– Мислам дека ниту Вучиќ во моментов не знае кој се` ќе биде заменет, додаде Дачиќ

Околу новата српска Влада, неодамна се огласи и српскиот претседател Томислав Николиќ. Тој напомена дека не ги поддржува сите потези на актуелната српска Влада, но ако таа падне, ќе замине и тој од функцијата.

– Јас би можел политички да се „извлечам“ ако падне оваа Влада, но тука сме заедно и ако треба, заедно и ќе заминеме, изјави Николиќ.

Тој додаде дека „тоа што јавно ја поддржува оваа Влада, значи дека стои зад целиот проект“.

– Ако заминуваме, заминуваме сите, додаде Николиќ.

Според него, мерките кои ги применува Владата се рискантни за неа, но дека премиерот Вучиќ е во години кога може да ризикува еден мандат да помине во опозиција, за потоа народот повторно да го врати на власт. Додаде дека верува дека до следните избори Владата на Србија комплетно ќе ја стабилизира ситуацијата во земјата. (Крај)

извор: Б92 фото: архива