Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Рама: Албанците се победници на Балканот

Рама: Албанците се победници на Балканот

Приштина, 27. декември 2014 (ИНПРЕС) – Ако ја споредиме ситуацијата во регионот со онаа од пред 15 години, може слободно да кажеме дека Албанците се победници на Балканот, изјави албанскиот премиер Еди Рама за време на семинарот за граѓанското општество во Приштина.

Тој ја повика меѓународната заедница да разбире дека Европската унија му е потребна на Балканот, исто како што и Балканот и` е потребен на Унијата. Според него, ако ова не се разбере, веќе утре може да биде предоцна.

– Ние победивме како народ кој сака мир. Како народ ние никогаш не сме биле закана за другите народи. Ние успеавме да го убедиме дипломатскиот свет, дека нашиот народ е лишен од своите права и слободи и за тоа заслужува поддршка, рече уште Рама.

Според него Косово треба да продолжи по патот на дијалогот, без оглед на фактот дека веќе не зависи од Србија.

– Напредокот на Косово веќе не зависи од Србија. Неговата судбина е во рацете на косовските политички елити, истакна Еди Рама и додаде дека „косовското прашање е конечно решено“.

Албанскиот премиер смета дека „Србија има неверојатен стратешки потенцијал за развој во регионот, но треба да знае како да го користи“.

– Албанија и Косово секогаш ќе одат заедно и ќе си помагаат, рече уште Рама. (Крај)

извор: Радио Слободна Европа фото: архива

Post navigation

Previous Дачиќ – Ќе има реконструкција на Владата, Вучиќ тоа го сака
Next Вучиќ: Најверојатно ќе ги изгубам изборите

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.