Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Дебрца и Вевчани меѓу општините што добија решенија за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште

Дебрца и Вевчани меѓу општините што добија решенија за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште

Дебрца/Вевчани, 25. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Дебрца и Вевчани се меѓу општините што добија решенија за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Со финансиска поддршка од Министерството, преку оваа програма, 34 општини ќе инвестираат во инфраструктурни проекти за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта, во вкупна должина од околу 19.000 метри, со кои на земјоделците ќе им се овозможи полесен пристап до нивните ниви, односно до обработливо земјоделско земјиште. Решенијата беа врачени од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и заменик директорот Ремзи Абдулахи.

Градоначалниците на двете општини информираа дека по претходно подготвен и аплициран проект, за Дебрца одобрено е тампонирање на полски пат во село Требеништа, додека за Вевчани за тампонирање на пристапен пат до земјоделското земјиште во месноста Средни пат.

Можно е да е слика од 12 луѓе

Можно е да е слика од 4 луѓе и луѓе што стојат

Мерката 124 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, е наменета за општините на целата територија на државата, што придонесува за рамномерен регионален развој. Финансиската поддршка е во висина од 100% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци на инвестицијата, а се исплаќа по целосното завршување на инвестицијата од страна на корисникот. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 1 милион денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ в петок ќе го одбележи празникот Свети Сава
Next Утре истекува рокот за аплицирање за субвенционирање нови авиолинии

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.