Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Денеска е „син понеделник“, најдепресивен ден во годината

Денеска е „син понеделник“, најдепресивен ден во годината

1 min read

Скопје, 16. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Третиот понеделник во годината е светски познат како најдепресивен и најтажен ден или Blue Monday.

Теоријата за „Blue Monday“ беше воспоставена во 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предаваше во вечерното училиште на образовниот центар на Универзитетот во Кардиф. Самопрогласениот гуру зел предвид бројни фактори, меѓу кои временските услови, долгови, времето што поминало од Божиќ и мотивацијата.

Формулата ја претстави токму тој, и таа гласи: [W + (D – d)] x TQ / M x NA. Притоa, W = временските прилики, D = долгот, d = платата, T = времето кое минало од Божиќ, Q = времето минато од пропаднатите обиди да направиме нешто за себе, M = нивото на мотивација и NA = потребата да тргнеме во акција.

Но, „Blue Monday“ е во основа идеја на маркетинг компанија која сакаше да ја зголеми продажбата на летните аранжмани. Арнал еднаш призна дека едноставно избрал датум кога од него било побарано да го пресмета најдепресивниот ден во годината.

Без разлика на кој датум ќе се „падне“ понеделникот, тој го задржува овој таканаречен статус, бидејќи всушност е почеток на третата недела и со тоа завршува празничниот период во кој речиси целиот свет ги слави Нова Година и Божик, но и други празници поврзани со годината која започнува. Третиот понеделник во годината е она враќање во реалноста, кое нè потсетува дека имаме и други обврски поврзани со егзистенцијата.Од една страна можете да се обидете да си го направите денот поубав, но можете да го оставите и да помине, бидејќи од утре веќе ќе се вратите во своите рутини и ќе се соочувате со предизвиците – изборот е ваш. (Крај)извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во ноември 2022 во Охрид издадени 9 одобренија за градба, планирана е изградба на 29 станови
Next Нуркачите го исчистија езерското дно во пресрет на Водици

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.