Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Денеска и утре запишување на бруцоши на ФТУ, според прелиминарната листа пријавени се 79 средношколци

Денеска и утре запишување на бруцоши на ФТУ, според прелиминарната листа пријавени се 79 средношколци

1 min read
Денеска и утре запишување на бруцоши на ФТУ, според прелиминарната листа пријавени се 79 средношколци

Охрид, 31. август 2023 (ИНПРЕС) – Денеска и утре ќе се реализира уписот на бруцоши на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид.

Прелиминарната ранг листа со 79 пријавени кандидати е објавена, а пријавени се и пет кандидати за дошколување. Уписот се реализира во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Според прелиминарната листа најмногу средношколци се пријавиле на насоката царина и шпедиција (20 во државна квота, 1 вонреден и 1 со специјални услови, 20 има на насоката менаџмент во услужен сектор, следи гастрономија со 12, осигурување и менаџмент со ризик 10, туризам со 9 и хотелско – ресторантски менаџмент со 6 пријавени кандидати.

Согласно конкурсот слободни места има на сите насоки, што ќе се пополнуваат во вториот уписен рок е на 6-ти и 7-ми септември или на третиот, на 22-ри септември.

УКЛО, во чии рамки е и охридскиот ФТУ и во новата академска година го стимулира уписот на најдобрите. На секоја единица на Универзитетот, од сите студиски програми заедно, на три најдобро рангирани кандидати, ќе им бидат рефундирани средствата од плаќање партиципација за првиот семестар од првата година на студии. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Половина век Меѓународна научна конференција за македонистика: Македонисти, балканисти и слависти од 15 држави доаѓаат во Охрид
Next Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 27. степени

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.