Струга, 4. мај 2023 (ИНПРЕС) – Денеска и утре цела Струга без вода.
Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека овие два дена во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето, или притисокот ќе биде низок на целата територија на Општина Струга.
Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување работи од страна на „ЕВН“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
