Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Денеска ќе се тестира системот „Безбеден град“ на автопатот Охрид-Кичево, помеѓу Горенци и Требеништа и помеѓу Ботун и Ново Село

Денеска ќе се тестира системот „Безбеден град“ на автопатот Охрид-Кичево, помеѓу Горенци и Требеништа и помеѓу Ботун и Ново Село

1 min read
Денеска ќе се тестира системот „Безбеден град“ на автопатот Охрид-Кичево, помеѓу Горенци и Требеништа и помеѓу Ботун и Ново Село

Охрид, 27. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на Охрид.

Активностите ќе се реализираат на автопатската делница Охрид-Кичево, помеѓу селата Горенци и Требеништа и помеѓу Ботун и Ново Село, Општина Дебрца. Предвидените активностите ќе се реализираат со почеток во 12:00 часот при што, на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.

Од Секторот апелираат до сите учесници во сообраќајот на овој патен потег, да покажат разбирање за неопходноста од планираните мерки, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници со цел, безбедно реализирање на планираните активности. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ЈП „Водовод“ Охрид: Водата во село Долно Коњско е исправна за пиење
Next Крводарителска акција во соработка со Шпаркасе Банка Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.