Охрид, 30. август 2023 (ИНПРЕС) – Денеска од 16:00 часот на стадионот „Билјанини извори“ ќе се одигра одложениот фудбалски натпревар од второто коло меѓу ГФК Охрид Лихнидос и струшки Караорман.
„Езерското“ дерби требаше да се одигра на 19-ти овој месец, но ден пред натпреварот ГФК Охрид Лихнидос добил соопштение од ФФМ дека истиот се одложува без никакви наведени проблеми или причини. Ова наиде на бурни реакции меѓу охриѓани и на социјалните мрежи. Претседател на ГФК Охрид Лихнидос Данчо Целески најави дека ќе поднесе оставка до управниот одбор и до Градоначалникот на Охрид, како и покренување тужба за загубена штета во име на клубот против луѓето потписници на одлуката и против ФФМ. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







