Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Детската градинка „Јасна Ристеска“ одбележува 60 години постоење

Детската градинка „Јасна Ристеска“ одбележува 60 години постоење

1 min read

Охрид, 7. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Детската градинка „Јасна Ристеска“ денес, на Денот на ослободувањето на Охрид, 7. Ноември, одбележува значаен јубилеј, 60 години од основањето.

Во изминативе шест децении во претшколската установа биле згрижени и израснале голем број деца.

– Градинката е средина во која децата се формираат како здрави личности, кои стекнуваат вештини, способности, навики, другарувања преку воспитно-згрижувачкиот процес. Тимот кој се грижи секојдневно за нашите дечиња, години работи посветено, со многу внимание, љубов и мотивација. Чест и задоволство е да се биде дел од установа како детската градинка „Јасна Ристеска“, вели за Супер радио и InPress директорката Ирина Милеска.

По повод патрониот празник на градинката предвидени се низа активности.

Вчера беше промовирана книгата „Детска градинка Јасна Ристеска“ од авторот и промотор д-р. Никола Митровиќ.

Денес во селото Рамне ќе биде положено свежо цвеќе пред бистата на Јасна Ристеска. Ќе настапат дечињата од објект „Развигорче“ од 4 до 5 годишна возраст со стихотворбата „Празнична песна“. Во 12:00 часот во објект „Централна“ ќе се оддржи заедничка средба со вработените и пензионерите од детската градинка.

Вечерва од 17:00 до 19:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се оддржи свечена приредба од дечињата на возраст од 5 до 6 години. На приредбата учествуваат 294 дечиња заедно со воспитните тимови. Оваа година тема на приредбата е „Охридска староградска песна“

Инаку, младата партизанка Јасна Ристеска, чие име го носи градинката, родум е од селото Рамне и пред 79 години, на 7-ми ноември 1944 година била меѓу борците кои се бореле и ги положиле своите животи за слободен Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous До 8-ми ноември продолжен рокот за аплицирање на конкурсот за Годишните проекти во културата
Next ЦЈЗ Охрид: Се нормализира состојбата со квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга

Слични вести

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници
1 min read

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.