Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • ДЗС: Инфлацијата преку индексот на трошоците на животот во септември е зголемена за 0,3 %

ДЗС: Инфлацијата преку индексот на трошоците на животот во септември е зголемена за 0,3 %

ДЗС: Инфлацијата преку индексот на трошоците на животот во септември е зголемена за 0,3 %

Скопје/Охрид, 8. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 0,3 %, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според истиот извор, зголемувањето на инфлацијата во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 1,7 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1,1 %, комуникации за 0,9 %, разновидни стоки и услуги за 0,5 %, образование за 0,3 % и здравје за 0,1 %.

– Во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 5,3 %, рекреација и култура за 1,8 %, ресторани и хотели за 0,4 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 %. Трошоците на животот во групата облека и обувки остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во септември 2024 година во однос на август 2024 година изнесува 99,3. Индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи зголемување од 2,6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,3 %, стои во информацијата на Државниот завод за статистика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Пет боксери од охридскиот клуб „Алексо Огненовски“ викендов ќе учествуваат на Опен Балкан куп во Србија
Next Здравје: Сакате да го подобрите здравјето на мозокот? Почнете да јадете од ова овошје и зеленчук

Слични вести

Анастасија Стефановска и Филип Кузески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освоија трето место на Balkan Junior 2026 во Србија Анастасија Стефановска и Филип Кузески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освоија трето место на Balkan Junior 2026 во Србија
1 min read

Анастасија Стефановска и Филип Кузески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освоија трето место на Balkan Junior 2026 во Србија

5 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал за теквондистите на МТТФ на „Barletta Challenge 2026” во Италија 5 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал за теквондистите на МТТФ на „Barletta Challenge 2026” во Италија
1 min read

5 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал за теквондистите на МТТФ на „Barletta Challenge 2026” во Италија

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.