Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Дијаспората ќе гласа само за претседател, за изборите за пратеници не се пријавиле доволен број иселеници

Дијаспората ќе гласа само за претседател, за изборите за пратеници не се пријавиле доволен број иселеници

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 20. март 2024 (ИНПРЕС) – Македонските државјани во странство ќе може да гласаат само за избор на претседател бидејќи нема доволен број пријавени за гласање на парламентарните избори.

Според податоците од веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) од синоќа, за гласање во странство пријавени се 2.954 иселеници. ДИК има прифатено 2.610, две се необработени, а одбиени се 342. Оваа бројка би можела да се промени доколку Министерството за надворешни работи до ДИК, најдоцна до 21 март, согласно Роковникот за избори, достави пријави од наши државјани поднесени во дипломатско-конзуларните претставништва.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, минатата недела објасни дека без разлика колку прифатени пријави има за гласање во дијаспората гласање за претседателските избори ќе се организира, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5 355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство.

Како што кажа, со оглед на тоа дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани и се смета како една изборна единица ќе бидат организирани избори.

– За да биде отворено едно гласачко место ДПК или конзуларна канцеларија на нашата држава во странство, треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи, изјави Гугучевска.

Гласањето за претседател на 24 април и за втор круг на 8 мај, врз основа на прифатените пријави, треба да се организира во 24 земји. За да се организираат избори во некое од нашите дипломатски-конзуларни претставништва, потребно е да се пријавени најмалку десет избирачи.

Најмногу прифатени барања за гласање има во Германија – 578, потоа во Словенија – 327, во САД – 241, во Швајцарија – 182, во Канада – 122, во Австрија – 116, во Италија – 101, во Австралија – 97, во Белгија – 91. Меѓу земјите каде што има најмалку пријавени е Кина каде има 12 наши државјани што сакаат да гласаат на изборите.

Во однос на парламентарните избори, Гугучевска објасни оти пратениците се избираат и во изборната единица во странство според пропорционалниот модел, односно тука има уште еден услов како своевиден цензус. За да биде избран пратеник од Изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори.

– За овие избори овој број е 5 355. Значи, најмалку 5 355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство за да може да бидат, пред се, организирани вакви избори. А најмалку, исто така 5 355 гласачи би требало да гласаат за еден кандидат за тој да биде избран“,
појасни Гугучевска. (Крај)

извор: 360 степени фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Одлично второ Државно традиционално таеквондо ИТФ првенство на Македонија, „ХВА РАНГ ИТФ” најдобар клуб
Next Најсреќната земја во светот е Финска

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.