Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Досега се собрани 24.830 потписи, најмногу за Османи, Димитриевски и Ванковска

Досега се собрани 24.830 потписи, најмногу за Османи, Димитриевски и Ванковска

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 26. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Заклучно со синоќа до 20:00 часот собрани се вкупно 24.830 потписи за 11 кандидати кои претендираат да се вклучат во претседателската трка, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК).

Засега никој од кандидатите ги нема собрано потребните 10 илјади потписи, што се им се потребни на вонпарламентарните и партиите/коалициите кои имаат помалку од 30 пратеници во Собранието да може да предложат свој претседателски кандидат.

Досега најмногу потписи има собрано кандидатот на ДУИ, Бујар Османи (8.560 потписи), следува Максим Димитриевски од ЗНАМ со 5.923, кандидатката на Левица Билјана Ванковска Цветковска има 4.478, Стевчо Јакимовски од ГРОМ 3.091 и Арбен Таравари 1.645.

Од останатите кандидати, Мерсиха Смаиловиќ има собрано 523 потписи, независниот кандидат Вело Марковски 433, а ниту еден потпис не собрал кандидатот Томе Николоски.

Собирањето потписи започна во петокот, 23-ти февруари и ќе трае до 8. март. Потписи се собираат во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Подрачните одделенија ќе работат две смени, од 08:00 до 20:00 часот, додека последниот ден на 8. март ќе работат до 24:00 часот.

Претседателските избори се закажани за 24. април, додека вториот круг од изборите е на 8. мај, кога треба да се одржат и парламентарните избори. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Повторно блокада на Евзони – Богородица и Ники – Меџитлија
Next Карпентер: Со убавиот глас и техничките атрибути што ги поседува, Миланка Новеска заслужува оперска кариера

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.