Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Дубаи ќе добие хотел во облик на Месечината

Дубаи ќе добие хотел во облик на Месечината

1 min read

Дубаи, 9. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Компанија со седиште во Канада има намера да гради четири одморалишта „MOON“ со изглед и во облик на Месечината, од кои првото е планирано за Дубаи.

Топчестиот хотел висок 222 метри ќе ги содржи сите погодности што се очекуваат од луксузно одморалиште.

Проектот вреден пет милијарди долари ќе вклучува и искуство со „месечева колонија“ и „месечевата површина“, со цел делумно да се донесе вселенскиот туризам на Земјата. Според основачите на компанијата, Сандра Метјуз и Мајкл Хендерсон, кога ќе биде завршено, одморалиштето ќе може да пречека до 10 милиони посетители годишно. Се проценува дека изградбата на овој уникатен ресорт во Дубаи ќе трае две години.

– Од архитектонска, инженерска и дизајнерска гледна точка, „MOON“ може да се изгради, заклучи Хендерсон.

Хотелот ќе вклучува и ноќен клуб, центар за настани за до 5.000 гости, спа-центар, салон за џез-пијано и салон на повеќе нивоа заснован на вонземски вселенски брод. Големиот конгресен центар е наменет да привлече изложувачи од областа на технологијата и вселенната.

Луксузните простории од 185 квадратни метри доаѓаат со доживотно членство во „MOON“ и ексклузивни привилегии. (Крај)

извор: Makpress фото: CNN

Post navigation

Previous До каде сме со културата на однесување и грижа за добрата?!
Next В сабота почнува плејофот во ракометната Супер лига, „гладијаторите“ гостуваат кај Еурофарм Пелистер 2

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.