Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Д-р Јасмина Спасеска Јованоска денеска ќе одржи предавање за кардиоваскуларните заболувања и нивна превенција кај пациенти со дијабетес

Д-р Јасмина Спасеска Јованоска денеска ќе одржи предавање за кардиоваскуларните заболувања и нивна превенција кај пациенти со дијабетес

1 min read

Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Здружението на дијабетичари од Охрид, д-р Јасмина Спасеска Јованоска, супспецијалист кардиолог од ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, денеска ќе одржи предавање на тема „Запознавање со кардиоваскуларните заболувања и нивна превенција кај пациенти со дијабетес“.

Настанот е по повод Светскиот ден на срцето, а на предавањето ќе има и претставници од „Крка фарма“ ДООЕЛ од Скопје, кои со присутните ќе споделат совети и информативни материјали, а исто така ќе вршат и бесплатно мерење на холестеролен притисок.

– Целта на овие активности е подигање на свеста за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата, како два најзначајни ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања, инфомираат организаторите.

Настанот ќе започне во 11:00 часот во големата сала на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридски Жито Леб целиот денешен промет ќе го донира за лекување на нашата Бојана
Next „Сите за Бојана“: Хуманитарен концерт за помош на Бојана, во недела во event venue „Деспина“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.