Едно лице е повредено во синоќешната сообраќајка на патот Охрид-Кичево
August 21, 2023

Охрид, 21. август 2023 (ИНПРЕС) – Едно лице е повредено во сообраќајната незгода која синоќа се случи на патот Охрид-Кичево, во близина на селото Горенци.

Како што објави OhridPress синоќа, во сообраќајката учествуваа три возила, по што беше забавен сообраќајот на излез и на влез во Охрид.

Од МВР најавија повеќе информации во текот на денешниот ден.

извор: ИнПрес фото: архива