Охрид, 26. март 2024 (ИНПРЕС) – Овој четврток на Факултетот за туризам и угостителство Охрид (ФТУ) ќе се одржи едукативна работилница на тема „Наследството во Охрид“.
– Ќе имате можност да ги проширите вашите знаења во областа на природното наследство, културното наследство и какво значење имаат тие врз развојот на туризмот во градот Охрид, велат организаторите, Регионален зелен центар Охрид.
Предавачи ќе бидат: Дејан Паноски, експерт за природно наследство, проф. д-р. Сашо Коруноски, експерт за културно наследство и проф. д-р. Науме Мариноски, експерт од областа на туризмот.
Работилницата ќе се одржи во амфитеатарот на ФТУ Охрид со почеток во 11:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес