Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ердоган бара промена на Уставот и поголеми овластувања

Ердоган бара промена на Уставот и поголеми овластувања

Анкара, 4.ноември 2015 (ИНПРЕС) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно го покрена прашањето на контроверзниот проект за измена на Уставот, со кој би се прошириле претседателовите овластувања.

Ова следува само три дена по победата на неговата партија на парламентарните избори.

„Една од најважните пораки на изборите од 1 ноември е решавањето на прашањето за новиот устав“, рече Ердоган во говорот пред советниците во претседателската резиденција.

Еден од советниците на Ердоган денеска изјави дека Турција би можела да одржи референдум за уставните измени за нов политички систем, заживувајќи го контроверзниот обид за проширување на овластувањата на претседателот на државата.
Ердоган во истиот говор вети дека нема да има пауза во борбата против курдските бунтовници од редовите на Курдската работничка партија (ПКК).

„Нема да има пауза, операцијата ќе продолжи решително против терористичката организација во и надвор од Турција“, изјави Ердоган.

Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), која Ердоган ја основа и со која продолжува да управува зад сцената, постигна убедлива победа на изборите во неделата и го врати парламентарното мнозинство загубено на претходните избори пред само пет месеци.

Неочекуваната победа значеше пресвртна точка за Ердоган и му овозможи да продолжи со плановите да ја зацврсти својата власт во Турција, објави Асошиејтед прес.

Претседателот има ограничени уставни права и Ердоган веќе долго време се залага за промени на Уставот што би му дале моќ да владее.

Овие најави ги вознемирија неговите противници, кои веќе се загрижени поради неговите растечки авторитарни тенденции и поларизираната реторика, според АП.

Владејачката АКП и понатаму има за 13 места помалку од потребните 330 за да распише референдум за некоја уставна промена.(Крај)

извор:МКД фото:архива

Post navigation

Previous Грција ги испрати првите бегалци кон ЕУ
Next ПКК го прекинува примирјето во Турција

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.