Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ердоган извојува уште една изборна победа во Турција

Ердоган извојува уште една изборна победа во Турција

1 min read

Анкара, 2.ноември 2015 (ИНПРЕС) – Турскиот преседател Реџеп Тајип Ердоган го повикал светот да ги почитува резултатите од парламентарните избори во оваа земја, на кои неговата Партија на правдата и развојот (АКП) освои скоро 50 проценти од гласовите, пренесуваат светските агенции.

Обраќајки се после молитвата во џамијата во Истанбул, Ердоган изјавил дека Турците во неделата гласале за стабилност, по неуспешните преговори за коалицијата по изборите кои беа првично спроведени во јуни годинава. Сепак, во негов карактеристичен стил, Ердоган ги нападнал светските медиуми, поради тоа што го критикувале.

„Дали е ова вашето сфаќање за демократијата? Сега кога партијата достигна моќ со освоени околу 50 проценти од гласовите. Тоа треба да го почитува цел свет, а јас не сум видел таква зрелост“, рекол Ердоган.

Прелиминарните избори од парламентарните избори во Турција покажуваат дека АКП, со убедлива победа го врати парламентарното мнозинство и Турците се вратија на еднопартиско владеење. По повеќе од 95 проценти преброени гласови, АКП освоила нешто над 49 отсто, известува турската државна телевизија. Според резултатите АКП ќе добие 316 пратенички места во 550-члениот Парламент, што ќе биде доволно за да формира сопствена влада.

Партијата за првпат во 13 години го изгуби мнозинството на изборите во јуни, кога во Парлементот за првпат, пак, влезе Курдската народна демократска партија. Оваа партија сега освоила 10,4 отсто од гласовите, додека истата во јуни освои 13 проценти. Клучниот предизвик за турската влада пак и натаму останува растечкиот судир со најголемото малцинство во Турција, односно Курдите.

Ердоган изјавил дека гласачите избрале „единство и интегритет“, иако аналитичарите велат дека неговата изненадувачка победа е заснована воглавно на монтираната загриженост поради обновените курдски и џихадистички напади. Изненадувачката изборна победа влијаела и на порастот на вредноста на турската лира кон доларот за 4,4 отсто, па така сега еден долар вреди 2,78 лири.

Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија, Кемал Киличдароглу изјавил дека изборните резултати поставиле големи одговорност пред партијата. Неговата партија ЦХП на изборите добила 25,78 отсто од гласовите, или 135 мандати во Парламентот.

„Го почитуваме денес она што го направивме на 7-ми јуни. Никој не треба да се стави себеси над законите, а животите и имотната безбедност на секој граѓанин треба да се заштити. Секогаш бевме на страната на обесправените и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рекол Киличдароглу.

Тој истакнал дека никој не треба да се плаши околу иднината на Турција, бидејќи ЦХП донел демократијата во земјата и дека ќе продолжи да го прави тоа.(Крај)

извор:Макфакс фото:архива

Post navigation

Previous Земјотрес со јачина од 4,7 по Рихтер ги стресе Албанија и Словенија
Next Косовец и Албанец барани со меѓународна потерница уапсени во Албанија

Слични вести

Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“ Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера
1 min read

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера

Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026 Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026
1 min read

Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.