November 24, 2014

Анкара, 24. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави декажените не се еднакви со мажите“ и ги нападна остро феминистките во Турција, велејќи дека тиего отфрлаат концептот на мајчинството“.

Според турскиот претседател, биолошките разлики меѓу жените и мажите значат дека тие не можат да имаат исти функции во животот. „Нашата религија (исламот) ја утврди позицијата за жените (во општеството) мајчинството“, рече Ердоган пред многу турски жени, меѓу кои била и неговата ќерка.

Некои луѓе го разбираат тоа, додека други не го разбираат. Не можеш да им го објасниш тоа на феминистки, бидејќи тие не го прифаќаат концептот за мајчинство, рече Ердоган. „Ги бакнав нозете на мајка ми, бидејќи тие мирисаа на рајот. Мајчинството е нешто друго“, додаде турскиот претседател.

Според него, жените и мажите не можат да бидат третирани подеднакво, бидејќи тоа е против човечката природа.

Нивните карактери и навики се различни Не можеш да поставиш мајка која го дои своето бебе, на еднакво рамниште со мажите. Не можеш да ги натераат жените да вршат секаква работа која мажите можат да ја завршат како во комунистичките режими. Не можеш да им кажеш да излезат и да ја копаат земјата. Тоа е против нивната деликатна природа, категоричен е Ердоган.

Неодамна турскиот претседател го предизвика гневот на феминистките, велејќи декасекоја жена во Турција треба да има три деца“ и предложи ограничување на правата за абортус. (Крај)

извор: АФП фото: архива