Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Ердоган: Мажите и жените не се еднакви

Ердоган: Мажите и жените не се еднакви

Анкара, 24. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека „жените не се еднакви со мажите“ и ги нападна остро феминистките во Турција, велејќи дека тие „го отфрлаат концептот на мајчинството“.

Според турскиот претседател, биолошките разлики меѓу жените и мажите значат дека тие не можат да имаат исти функции во животот. „Нашата религија (исламот) ја утврди позицијата за жените (во општеството) – мајчинството“, рече Ердоган пред многу турски жени, меѓу кои била и неговата ќерка.

– Некои луѓе го разбираат тоа, додека други не го разбираат. Не можеш да им го објасниш тоа на феминистки, бидејќи тие не го прифаќаат концептот за мајчинство, рече Ердоган. „Ги бакнав нозете на мајка ми, бидејќи тие мирисаа на рајот. Мајчинството е нешто друго“, додаде турскиот претседател.

Според него, жените и мажите не можат да бидат третирани подеднакво, бидејќи тоа е против човечката природа.

– Нивните карактери и навики се различни… Не можеш да поставиш мајка која го дои своето бебе, на еднакво рамниште со мажите. Не можеш да ги натераат жените да вршат секаква работа која мажите можат да ја завршат како во комунистичките режими. Не можеш да им кажеш да излезат и да ја копаат земјата. Тоа е против нивната деликатна природа, категоричен е Ердоган.

Неодамна турскиот претседател го предизвика гневот на феминистките, велејќи дека „секоја жена во Турција треба да има три деца“ и предложи ограничување на правата за абортус. (Крај)

извор: АФП фото: архива

Post navigation

Previous Хрватска е српската Грција – Напредокот кон ЕУ со многу „замки“
Next Грција на преговори со меѓународните кредитори во Париз

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.