Анкара, 21. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Турскиот претседател Реџеп Ердоган ги повика сите муслимански земји да застанат заедно против тероризмот и расизмот.
Тој се обрати на состанокот на Организацијата за арапска соработка во Истанбул додавајќи дека земјите мора да се обединат против сите кои се обидуваат да го уништат Блискиот Исток.
Агенција АФП коментира дека со оваа изјавата Ердоган уште еднаш сака да се се позиционира како клучен лидер на исламскиот свет.
Тој дополни дека терористичките напади не мора да значи дека секогаш доаѓаат од муслиманските или исламските држави и го повика муслиманскиот свет да биде самокритичен и да се соочи со предизвиците кои се пред него.
Ердоган го критикуваше и Советот за безбедност на ОН затоа што носи одлуки кои влијаат на Блискиот Исток, без да има ниту една муслиманска држава меѓу постојаните земји членки. (Крај)
извор: АФП фото: АП