Врање, 5. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Жена од Авганистан загина, а други 9 се потешко и полесно повредени при судир на српски автобус полн со бегалци и камион од Македонија.
На возачот на автобусот му е одредена мерка задржување до 48 часа, а повредените се пренесени во болницата во Врање.
Сообраќајката се случила синоќа околу 22.30 часот, на патот од Прешево кон Врање, на два километри од Бујановaц. Двокатниот автобус од Лесковац полн со 70 мигранти удрил во шлеперот кој од Македонија за Хрватска носел 15 тони ајвар и конзервирани пиперки.
Според првичните информации пренатоварениот автобусот удрил во камионот кој се наоѓал на сервисната лента, таа за паркирање.
По налог на јавен обвинител возачот на автобусот е задржан 48 часа, осомничен е дека направил кривично дело тешки дела против безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од полициската станица во Врање.
Седум од мигрантите кои поминаа со полесни повреди се веќе пуштени од болница. Маж со сериозни скршеници на ногата е пренесен во Ниш, а едно тригодишно дете е задржано на испитување во болницата во Врање.
Автобусот ги транспортирал беглаците од Прешево кон границата кај Шид со Хрватска. (Крај)
извор: Алфа фото: архива