Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Жена мигрант загина во сообраќајка кај Врање

Жена мигрант загина во сообраќајка кај Врање

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Врање, 5. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Жена од Авганистан загина, а други 9 се потешко и полесно повредени при судир на српски автобус полн со бегалци и камион од Македонија.

На возачот на автобусот му е одредена мерка задржување до 48 часа, а повредените се пренесени во болницата во Врање.

Сообраќајката се случила синоќа околу 22.30 часот, на патот од Прешево кон Врање, на два километри од Бујановaц. Двокатниот автобус од Лесковац полн со 70 мигранти удрил во шлеперот кој од Македонија за Хрватска носел 15 тони ајвар и конзервирани пиперки.

Според првичните информации пренатоварениот автобусот удрил во камионот кој се наоѓал на сервисната лента, таа за паркирање.

По налог на јавен обвинител возачот на автобусот е задржан 48 часа, осомничен е дека направил кривично дело тешки дела против безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од полициската станица во Врање.

Седум од мигрантите кои поминаа со полесни повреди се веќе пуштени од болница. Маж со сериозни скршеници на ногата е пренесен во Ниш, а едно тригодишно дете е задржано на испитување во болницата во Врање.

Автобусот ги транспортирал беглаците од Прешево кон границата кај Шид со Хрватска. (Крај)

извор: Алфа фото: архива

Post navigation

Previous Србија нема да ја затвори границата со Македонија заради бегалската криза
Next Црвен картон за Приштина: Војската на Хашим Тачи нема да помине

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.