Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

1 min read
Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Охрид, 14. мај 2026 (ИНПРЕС) – Стрелци од двата охридски клубови учествуваа на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје -меѓународна програма.

Иако не освоија ниту едно прво место, сепак постигнаа завидни резултати.

На вицешампионската позиција во категорија јуниори на пиштол се пласира Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ со 539 круга, еден помалку од првопласираниот. На третата позиција се пласира Иван Милевски од СК „Охрид“ со резултат од 529 кругови. На 5-тата позиција се пласира новиот член на ЖСК „Лихнидос“-  Антонио Златкоски со 516 круга, додека на 6-та позиција Никола Тодороски од СК „Охрид“ со 511 кругови Кај сениорите на пиштол учество зеде само Даниел Михајловиќ, кој со резултат од 506 круга се пласира на 11-та позиција.

Кај јуниорките на пиштол, исто така, само вицешампионска позиција за Стефани Савеска од ЖСК „Лихнидос“ со резултат од 534 кругови, 5 помалку од првопласираната. На третата позиција се пласира нејзината клупска другарка Наталија Савеска со резултат од 527 кругови, додека на 4-та позиција од истиот клуб со резултат од 512 кругови се пласира Милица Кочовска. Теодора Мицкоска од СК „Охрид“ се најде на 7-та позиција.

Кај јуниорките на пушка Теодора Спироска ја зазеде 5-та позиција со резултат од 572,4 круга, додека Тамара Кичеец се пласира на 6-тата позиција со резултат од 570,3 круга. Младата Ана Баулоска се пласира на 12-та позиција со резултат од 508,7 кругови.

Кај сениорките на пушка 4-та позиција и за Ива Маленко од СК „Охрид“ со 606.5 круга. Кај јуниорите на пушка, Јован Баулоски заврши на 8-та позиција со 584,6 круга, Марко Трпески на 13-та позиција со 543,5, додека како 16-то пласиран беше Андреј Серафиноски со 430,8 круга. Поради дефект на оружјето, Кристијан Балоски не успеа да го заврши натпреварот.

Она што ги очекува охридските стрелци овој и следниот викенд е учеството на традиционални турнири со огнено оружје – јубилеен 20-ти Grand Prix Скопје, како и на првиот Охрид Опен 2026.

На почетокот на следниот месец во Скопје ќе се одржи Европската младинска лига (до 18 години), на која е планирано учество на еден натпреварувач од Охрид, номиниран од Федерацијата согласно досегашните постигнати резултати. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во сабота велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа
Next Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Во сабота велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа Во сабота велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа
1 min read

Во сабота велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.