Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Завршија Куп натпреварите во националниот систем за охридските стрелци

Завршија Куп натпреварите во националниот систем за охридските стрелци

1 min read

Охрид, 26. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Со четвртиот, водено и последен редовен Куп од предвидените во системот на натпревари во организација на Македонската спортска стрелачка федерација, што се одржа во Прилеп, за охридските стрелци завршија Куп натпреварите во националниот систем во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма.

Во отсуство на нашите најдобри стрелци Јована Милевска и Бојан Спасеновски, а поради смената на нови, помлади генерации, падна и рејтингот на двата охридски клуба СК „Охрид“ и ЖСК „Лихнидос“. Сепак резултатите се задоволителни со оглед на искуството на подмладокот на клубовите.

Во категорија јуниори на воздушна пушка, најдобро пласиран беше Кристијан Балоски од СК „Охрид” на 4-та позиција со резултат од 598,0. Во истата категорија Бора Каќел од ЖСК „Лихнидос“ ја зазеде 12-та позиција со резултат од 561 кругови.

Кај јуниорките на пушка Ива Маленко од СК „Охрид“ се пласира на седмата позиција со резултат од 594,3 круга, а Теодора Спироска од истиот клуб се пласира на 12-та позиција со резултат од 565.3 кругови. Драгана Локоска заврши како 15-та со резултат од 557.6 круга.

Во категорија пиштол сениори членот на ЖСК „Лихнидос“ Даниел Михајловиќ, се пласира на вицешампионската позиција со резултат од 546 кругови.

Кај јуниорите второпласиран беше Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ со резултат од 537 кругови, односно на 4-та позиција во севкупен пласман мажи. Иван Милевски од СК „Охрид”, се пласира на 3-та позиција во јуниорска категорија, односно 10-та позиција во севкупен пласман мажи.

Велибор Балоски од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на 8-та позиција во сениори, односно на 13-та во севкупен пласман мажи со резултат од 501 круг. На 6-та позиција кај јуниорите се пласира, Крсте Петрески од СК „Охрид”, односно 16-та позиција во севкупен пласман мажи.

Во категорија пиштол – јуниорки, Стефани Савеска од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на третата позиција, односно на 4-та во севкупен пласман жени со резултат од 526 кругови. Стефанија Вељаноска, од СК „Охрид”, се пласира на 4-та односно 5-та позиција со резултат од 522 кругови. Наталија Савеска од ЖСК ,,Лихнидос“ се пласира на петтата позиција со резултат од 517 кругови во јуниорска, односно на 6-та позиција во севкупен пласман жени.
Кај сениорките Валентина Гоџоска беше второпласирана, односно 8-мо пласирана во севкупен пласман жени со резултат од 502 круга.

Со рангирањето на стрелците од сите четири редовни купови, најдобрите 10 во секоја дисциплина ќе настапат и на финале Купот закажан за 18-ти ноември на стрелиштето во Битола.

Претходно од 3-ти до 5-ти ноември 10-на стрелци од охридските клубови ќе учествуваат на традиционалниот Меѓународен турнир „Пирин 2023“ на стрелиштето Скаптопара во Благоевград, Бугарија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на дел од улица „Сирма Војвода“
Next Дацешин: Охрид – таму каде што живее душата на македонскиот народ

Слични вести

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници
1 min read

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.