Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • Завршува конференцијата за македонското прашање во Лерин

Завршува конференцијата за македонското прашање во Лерин

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Лерин, 19. јули 2015 (ИНПРЕС) – Тридневната научна конференција посветена на македонското прашање, во Лерин, Грција ќе заврши денес, кога истакнатите академски имиња и претставници од Европскиот Парламент за првпат ќе имаат можност да присуствуваат на традиционалниот македонски културен фестивал “Илинден” во село Овчарени, Грција.

На конференецијата учествуваа водечки научни имиња од целиот свет.

Овој настан се смета за историски, со оглед на фактот за првпат во поновата историја, македонското прашање ќе биде дискутирано на научно ниво, токму на тлото на соседна Грција, каде што е и најпроблематизирано.

Организатори на конференцијата се „Австралиско-македонскиот комитет за човекови права” од Мелбурн, Австралија, „Виножито”- Партијата на македонското малцинство во Грција, „Европската слободна алијанса” од Брисел, ОМО „Илинден”-Пирин и Меѓународното македонско движење за човекови права од Канада.
Меѓу учесниците на настанот се и звучните академски имиња како што се Виктор Фридман од Универзитетот на Чикаго (САД), Грејс Филдер од Универзитетот на Аризона (САД), Ендру Росос од Универзитетот на Торонто ( Канада), Акис Гаврилидис од Универзитетот на Солун (Грција), Џорџ Влахов од “Ла троб универзитетот” ( Австралија), Васко Настевски од Универизтетот на Мелбурн (Австралија), Катерина Колозова од Институтот за социјални и хуманистички науки, Марија Пандевска и Македонка Митрева од Институтот за национална историја при УКИМ (Македонија).

Овој мултидисциплинарен настан има за цел да даде суштински придонес кон разбирањето на современата македонска национална историја од различни академски перспективи, вклучувајќи социолошки, лингвистички, антрополошки и политички аспект.

Конференцијата во Лерин, Грција е втора од ваков тип, после научниот собир кој беше одржан во 2013 година, на Универзитетот “Монаш” во Мелбурн, Австралија, а со кој беше одбележана 100 годишнината од крајот на Втората Балканска војна и поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор. Како резултат на тој успешен настан, неодамна, од страна на реномираната германска академска издавачка куќа “Верлаг Ото Сагнер” (Verlag Otto Sagner) беше издадена книга “За македонските работи: Од поделбата на Македонија во 1913 до денес”. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Утре се отвораат вратите на банките во Грција
Next Неизвесно дали Србија целосно ќе ги затвори границите за мигрантите

Слични вести

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“ Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“
1 min read

Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“

Во март во Охрид издадени шест одобренија за градба, во Струга девет, а во  Дебрца две Во март во Охрид издадени шест одобренија за градба, во Струга девет, а во  Дебрца две

Во март во Охрид издадени шест одобренија за градба, во Струга девет, а во  Дебрца две

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.