Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Загреб бара истрага за арбитражата за Пиранскиот залив

Загреб бара истрага за арбитражата за Пиранскиот залив

1 min read

Загреб, 23.јули 2015 (ИНПРЕС) – Хрватската министерка за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ соопшти дека ќе има истрага за информациите во медиумите за вршен притисок врз Арбитражниот суд во случајот со спорот со Словенија за Пиранскиот Залив. Таа потенцира дека доколку има вистина во овие информации, тоа ќе биде многу шокантно.

Некои медиуми во Хрватска и Србија се објавија информации дека Хрватска го загубила граничниот спор со Словенија, како и дека Словенците активно лобирале меѓу судиите од Арбитражниот суд да се донесе одлука во нивна корист. Во текстовите се споменуваат вечери со судиите и стенограми од кои може да се заклучи дека Словенија го добила спорот уште во раната фаза од арбитражата.

-Многу сме загрижени од тврдењата кои излегоа во денешните весници. Ако нешто од овие тврдења е точно, тоа би било апсолутно шокантно и драстично ќе ја промени ситуацијата со оваа постапка на арбитража, рече Пусиќ на вонредна прес-конференција.

Влеговме во оваа процедура со доверба во меѓународните правни институции. Влеговме во ова со намера границите и по море, и по копно да се определат исклучиво во согласност со меѓународното право, рече Пусиќ и додаде дека ќе има истрага.

Двете поранешни југословенски републики го водат овој граничен спор уште од прогласувањето на независноста во 1991 година, а се однесува на 13 квадратни километри територија во слабо населен реон и работ на територијалните води во и околу Пиранскиот залив.

Спорот во 2008 година беше причина за забавување на преговорите за приклучување на Хрватска кон Европската унија за 10 месеци. Една година подоцна двете земји склучија арбитражна спогодба со посредништво на ЕУ. (Крај)

извор:Утрински фото:архива

Post navigation

Previous Бугарите масовно купуваат имот во Грција
Next Изетбеговиќ: По стотина години војни, време е за стотина години мир

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.