Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Заклучно со вчера собрани вкупно 52.733 за кандидатите претенденти за влез во претседателската трка

Заклучно со вчера собрани вкупно 52.733 за кандидатите претенденти за влез во претседателската трка

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 29. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Заклучно со синоќа до 20:00 часот, собрани се вкупно 52.733 потписи за кандидатите кои претендираат да влезат во изборната трка за претседател на државата.

Засега, Максим Димитриевски, Бујар Османи и Арбен Таравари имаат собрано над 10.000 потписи. Кандидатката Билјана Ванковска, предложена од Левица е близу до влез во изборната трка, заклучно со вчера има собрано 9.085 потписи, а зад неа е Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 7.994 потписи.

Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова немаат потреба од потписи, бидејќи во претседателската трка ќе влезат со 30 пратенички потписи. Но, сепак од нивните таботи најавија дека и тие ќе собираат потписи од граѓаните.

Собирањето потписи трае до 8. март, а се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Подрачните одделенија работат две смени, од 08:00 до 20:00 часот, додека последниот ден на 8-ми март ќе работат до 24 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Манифестација „Ликот и делото на Тоше Проески“ денес во ОМУ „Методи Патче“
Next Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.