Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Запален олимпискиот оган во античка Олимпија

Запален олимпискиот оган во античка Олимпија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 16. април 2024 (ИНПРЕС) – Запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024“, а откако ќе помине 11 дена низ цела Грција, на 26-ти април ќе им биде предаден на организаторите, јави дописничката на МИА од Атина.

На манифестацијата присуствуваапретседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, како и претседателите на Меѓународниот Олимписки комитет, на Грчкиот Олимписки комитет и на „Париз 2024“ Томас Бах, Спирос Капралос и Тони Естанге.

Олимпискиот оган ќе помине 5.202 километри и 563 наутички милји со помош на 600 лица.

Ќе патува низ целата земја, од најјужната до најсеверната точка, од исток до запад, од Крит до Александрополи и од Крф до Кастелоризо, поминувајќи низ 13 региони, седум острови, 43 градови, 41 општина, пет заедници, 10 археолошки локалитети и два олимписки музеи во Атина и Солун.

Следниот петок, на 26 април ќе пристигне во Атина, каде што во попладневните часови на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик ќе биде предаден на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз.

Манифестациите во Грција, како палењето, така и штафетното пренесување низ земјата и предавањето на организаторите во Атина, по пауза од четири години ќе се одржат регуларно, со оглед на тоа дека во октомври 2021 година и март 2020 година поради пандемијата сите свечености беа без публика, а олимпискиот оган за Зимските Олимписки игри „Пекинг 2022“ и летните Олимписки игри „Токио 2020“ од Атина замина без штафетното да патува низ Грција, туку директно им беше пренесен на домаќините. (Крај)

извор: Сител/ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Центарот за јавно здравје со поволни услуги за станоиздавачите за дезинфекција на објектите
Next Охридските кошаркари утре го играат последниот меч за опстанок во елитата

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.