February 16, 2023

Охрид, 16. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Во тек е продажбата на карти за ракометниот спектакл оваа сабота меѓу Охрид и Вардар.

– Билети се продаваат во охридската чаршија, помеѓу Т.Ц.Амам и Комплекс Летница (кај Аждер) секој ден до пред почеток на натпреварот и во спортската сала „Билјанини извори“ (на билетара) секој ден од 18:00 до 20:00 часот. Цена на билетот е 100 денари, информираат од ГРК Охрид.

„Гладијаторите“ најавуваат беспоштедна борба на секоја педа од теренот и очекуваат полна сала. Натпреварот ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18.30 часот.

May be an image of 5 people, people playing sports and indoor

На почетокот на месецов од навивачката група „Рибари“ најавија дека се враќаат на натпреварите на ГРК Охрид, а спектакл најавија токму за овој меч.

Охридските ракометари на стартот од разигрувањето за титулата и местата кои водат во Европа во гости ја совладаа екипата на Еурофарм Пелистер 2. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива