Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнува трката за кревет во студентските домови, во охридскиот „Никола Карев“ има 242 леглa

Започнува трката за кревет во студентските домови, во охридскиот „Никола Карев“ има 242 леглa

1 min read

Охрид, 14. јули 2023 (ИНПРЕС) – Објавен Конкурсот за прием во студентските домови за претстојната академска година.

Во Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид на располагање се вкупно 242 легла. Од нив 48 се за бруцошите, додека преостанатите 194 се за студентите од втора година па нагоре.

Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, а кои се запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година; осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години, како и владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори и слично.

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, а може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.

Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од понеделник, 17-ти јули и ќе трае до 31-ви јули, додека пак за студентите од I година почнува од 1-ви септември и ќе трае до 11-ти септември.

Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи сé до пополнување на истите, но најдоцна до 30-ти ноември 2023 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Пријателите во чест на охридскиот музичар Андреј Лаброски
Next Охрид со шмек на главната туристичка сезона, надлежните задоволни од досегашната исполнетост

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.