Белград, 25. мај 2015 (ИНПРЕС) – Вчера во Европа се прослави Денот на Парковите, ден на кој се поздравува воспоставувањето на заштитени подрачја ширум Европа и се промовираат нивните вредности и придобивки.
Неодамнешна студија изготвена од меѓународните организации Riverwatch и EURONATUR покажува дека на територијата на заштитените подрачја на Балканот се планирани 535 проекти, од кои 113 во Националните паркови – и тоа најчесто со поддршка од меѓународни компании и банки.
– Планираните проекти не само што се директна закана за природноста на заштитените подрачја, туку и значењето на самата категорија „заштитено подрачје“ се доведува во прашање. Која е смислата на воспоставување и управување со Национален парк ако на територијата на заштитено подрачје од ваква категорија се дозволува спроведување на големи инфраструктурни проекти – како што се хидроцентралите, вели Ulrich Eichelmann од Riverwatch. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
