September 29, 2015

Атина, 29.септември 2015 (ИНПРЕС) – Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска беше регистриран во јужниот дел на островот Крит, објаво грчкиот весник „Етнос“.

Потресот бил почувствуван во неколку населени реони на островот и бил на 376 километри југоисточно од Атина.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 47 км југоисточно од Крит и бил на длабочина од десет километри.

Нема податоци за жртви и штети. (Крај)

извор:Етнос фото:архива