Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Зери: Ердоган на Косово „пере милиони евра“

Зери: Ердоган на Косово „пере милиони евра“

Приштина, 18.август 2015 (ИНПРЕС) – Милиони евра од Турција се слеваат на Косово преку илегални патишта, заобиколувајќи ги банките, а преку ни власта на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пере пари, тврди приштинскиот весник Зери.

Како што наведува весникот, Косово е „преплавно со милиони“, но не како инвестиции или економска помош, или пак за финансирање на проекти, туку за обновување на религиозни објекти.„Поголем дел од инвестиции без сомневање го изнесуваат на виделина Ердогановото перење на пари преку Косово“, наведува Зери.

Десетина нови џамии на Косово, како и обнова на сите постоечки, изградени за време на Отоманското царство, се финансирани преку големиот донатор „Турска агенција за кооперација и координација“ (ТИКА), пишува Зери, истакнувајќи дека агенцијата е основана од страна на турската влада, а со нејзе директно раководи амбасадата во Турција.

Турција е меѓу првите земји кои го признаа Косово, а за Ердоган во повеќе наврати се пишува дека отворено лобира за Косово. Исто така, турскиот претседател крена многу врева пред две години кога во Призрен рече дека „Косово е неговата втора земја“.

Ердоган, кој тогаш беше премиер на Турција, изјави дека културите на Турција и Косово се различни, но дека нивните граѓани припаѓаат на иста земја. На ова следеше остра реакција на српското МНР, како и на српската јавност, но од кабинетот на Ердоган тогаш соопштија дека тој нема да се извини поради тоа што неговата изјава била „погрешно протолкувана“.(Крај)

извор:Инпрес фото:архива

Post navigation

Previous За три дена спасени над 1.700 мигранти во Егејското Море
Next Борбена техника на американската армија пристигнува оваа недела во Бугарија

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце
1 min read

Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.