Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Изборната комисија на Турција предложи предвремени избори на 1-ви ноември

Изборната комисија на Турција предложи предвремени избори на 1-ви ноември

1 min read

Анкара, 20.август 2015 (ИНПРЕС) – Изборната комисија на Турција предложи одржување на предвремени парламентарни избори на 1-ви ноември, пренесува АФП.

Предлогот бил поднесен пред четирите главни политички партии во земјата, а периодов треба да биде донесна и конечна одлука околу одржувањето на предвремените избори.

Централната изборна комисија го направи предлогот три дена пред крајниот рок за формирање владејачка коалиција во Турција, откако и последните обиди за формирање на коалициска влада пропаднаа.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу во вторникот се откажа од настојувањата да формира коалициска влада и му го врати мандатот на претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган. Давутоглу, шеф на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) не успеа да најде заеднички јазик со лидерите на две помали партии, една секуларна а една националистичка.

Турскиот претседател Ердоган, основач на Партијата на правдата и развојот, веќе неколкупати најави дека нема да им даде шанса на лидерите на другите партии да бидат мандатари за составување на влада. Според турските медиуми, Ердоган повеќе сака да бидат одржани нови избори, во обид АКП да го врати мнозинството кое го изгуби на парламентарните избори во јуни.(Крај)

извор:Макфакс фото:архива

Post navigation

Previous Исламисти го заробиле поранешниот телохранител на Зоран Ѓинѓиќ
Next Некогашниот „најверен другар” на Ципрас избега од Сириза и го формира „Популарно единство“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.