Охрид, 28. јануари 2025 (ИНПРЕС) – ОУ „Григор Прличев“ ги избра наградените литературни и ликовни творби на учениците на конкурсот по повод патрониот празник на училиштето.
Нина Кузманоска од IX 4 одделение и Катја Крстаноска од IV 1 одделение ги освоија првите места на литературниот конкурс, додека Теодора Наумова од VII 2 и Лара Жилеска од II 2 се првонаградени на ликовниот конкурс.
– Да се твори за Прличев и да се биде негов ученик е пред сѐ чест и привилегија, но и обврска која нашите „прличевци“ успешно ја исполнуваат, велат од училиштето.
Во меѓувреме течат подготовките за достојно одбележување на патрониот празник на училиштето, што ќе се одржи на 6-ти февруари, со богата музичка и сценска програма. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива