Поликастро, 14. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Мирно и без инциденти заврши акцијата за релокација на бегалците и празнење на импровизираниот бегалски камп на бензинската станица кај Поликастро.
Вкупно 1158 бегалци од Ирак и Сирија со 31 автобус се пренесени во новиот бегалски центар Василика на периферијата на Солун.
На бензинската станица која со месеци беше дом на илјадници бегалци сега тоне во тишина. Останаа само празни шатори, заборавени ќебиња и по некое парче облека од бегалците кои на брзина утринава се пакуваа за да заминат за Солун. Бензинската кај Поликастро стана дом на бегалците од февруари. На почетокот беше привремена станица за бегалците кои со автобуси се префрлаа од Атина на Идомени, за кога се затвори границата и самата да прерасне во голем импровизиран бегалски камп.
Акцијата празнењето на бензинската покрај автопатот во близина на Поликастро започна рано изутринава како дел од втората фаза за релоцирање на бегалците од импровизираните кампови на бензинските станици околу Идомени. (Крај)
извор: Телма фото: архива







