Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Испразнет бегалскиот камп кај Поликастро

Испразнет бегалскиот камп кај Поликастро

Поликастро, 14. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Мирно и без инциденти заврши акцијата за релокација на бегалците и празнење на импровизираниот бегалски камп на бензинската станица кај Поликастро.

Вкупно 1158 бегалци од Ирак и Сирија со 31 автобус се пренесени во новиот бегалски центар Василика на периферијата на Солун.

На бензинската станица која со месеци беше дом на илјадници бегалци сега тоне во тишина. Останаа само празни шатори, заборавени ќебиња и по некое парче облека од бегалците кои на брзина утринава се пакуваа за да заминат за Солун. Бензинската кај Поликастро стана дом на бегалците од февруари. На почетокот беше привремена станица за бегалците кои со автобуси се префрлаа од Атина на Идомени, за кога се затвори границата и самата да прерасне во голем импровизиран бегалски камп.

Акцијата празнењето на бензинската покрај автопатот во близина на Поликастро започна рано изутринава како дел од втората фаза за релоцирање на бегалците од импровизираните кампови на бензинските станици околу Идомени. (Крај)

извор: Телма фото: архива

Post navigation

Previous Протести против приватизацијата во Грција
Next Грција формира нова комисија за брзо решавање на прашањето со азилантите

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.